https://www.facebook.com/photo/?fbid=494015986061272&set=pcb.494016079394596

30.08.2022 Скопје

Дополнителни 10,3 милиони долари американска помош за развој на демократското општество и за конкурентна економија, ќе добие земјава со амандманот на Договорот за гранд на партнерство за развој со САД. Амандманот го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на УСАИД во Северна Македонија Џери Дајбл во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз.

Според министерот, поддршкава што ја добива земјава од САД во овој период на криза продлабочена со руско-украинскиот конфликт, е од големо значење. Без двоумење може да се каже дека наш постојан и посветен партнер и поддршка во овој процес е САД, со денешното потпишување на грандот го потврдија тоа, рече министерот за финансии Бесими.

Ќе бидат спроведени конкретни мерки кои ќе придонесат во градењето на демократска, конкурентна држава. Бесими изјави и дека покрај политичката поддршка, досега Северна Македонија има добиено и значителна финансиска поддршка од страна на американската влада преку УСАИД, која од 1993 година досега изнесува околу 840 милиони долари.

Целите во договорот се во три клучни области: поголем економски раст преку подобрена конкурентност, намалување на пречките за евроатланските пазари и енергетската безбедност, зголемен ангажман на младите, борба против корупција и развивање култура на одговорност.

Двете страни се обврзаа да работат заедно и да ги спроведат иницаијативите кои ќе бидат од голема корист за Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author