https://www.facebook.com/photo/?fbid=604683601225407&set=pb.100050513168497.-2207520000..

13.08.2022 Скопје

Претседателот на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство од опозициската партија, Цветан Трипуновски, вели дека загрижувачки за лозарите е тоа што едноставно не знаат со каква цена, со каков приход можат да располагаат наредниов период. Десетина дена останаа пред почеток на бербата на лозјето но цената се уште не е соопштена и тоа е незамисливо. Оваа ситуација е повеќе од алармантна и сметам дека министерството и владата требаше многу порано да превземат одредени мерки кои ќе значат стабилизација на цената. Трипоновски упати сериозен апел до Владата и ресорното министерство, да си ги прекинат своите летни одмори и да се појават во тиквешијата заедно со винарските визби и да се најдат прифатливи цени и за лозарите и за винарските визби.

Цената е далеку од рентабилна и земјоделците неможат да ги покријат своите производни трошоци а да не се зборува за тоа дека нема можности за екстра профит, односно за задоволување на семејните буџетски потреби, кажа денес од Тиквешкиот регион, Цветан Трипуновски.

Подготвено од М.Н.

About Author