https://www.flickr.com/photos/baryonicmatter/6030707224/in/photolist-abUX9L-c7WjRu-s8mV-ajVh9Q-izLB7p-94aHNB-Sq1E2m-4xUnsX-9maXL9-iWddRa-2XJu7d-7xnz1T-bvUw3S-7aooi5-EcMdY1-dX64LV-9vkdhP-as8ELt-6h9jKd-6b2RXY-eCrXr7-8VuRFt-HdFYC-81W8yo-ddkT6H-9jTbdj-4VPi9F-bGf8yM-4WYabZ-E3qWpW-681Ds8-7Cc8cj-G8FA-4D8PWa-8sLU9-ddkTAR-9uBPKj-9Sagfo-4SKfJH-c7WjLL-dzZUuw-9VpEGg-jcFJzz-961ZfY-6Lwktu-4WP8Fe-5yjKrp-3sk911-9bqayA-7Ussqc

04.08.2022 Скопје

На територијата на Северна Македонија речиси никаде веќе не може да се купи леб под 50 денари.

Во текот на вчерашниот ден, ‘ржаниот леб достигна вртоглава цена од 93 денари, интегралниот од 84 денари, а белиот на парчиња од 56 денари. За одредени типови на леб, за една година цената скокна за 100 отсто и не застанува тука.

Граѓаните секој нареден ден ги чека нов ценовен шок на рафтовите, но и покрај тоа мелничко-пекарската индустрија ги оправдува високите цени со поскапувањето на енергенсите и бараат државата да им ги субвенционира компаниите со цените на електричната енергија.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија ја обвинуваат Владата дека ги остава граѓаните сами да се снаоѓаат како знаат и умеат во услови на пост – ковид, економска, енергетска и воена криза.
Од почетокот на 2022 година, за околу 3 500 денари поскапе потрошувачката синдикална кошница што ги содржи основните пренхранбени производи и пијалоци за едно четиричлено семејство, сметките за комуналии и трошоците за домот, за превоз, за одржување на здравјето, за набавка на неопходните облека и обувки и минимум за култура и рекреација. Во јуни, синдикалната потрошувачка кошница изнесуваше околу 40 000 денари, и со овој податок нејзиното полнење е невозможно со две нови минимални плати.

Во моментов, Владата молчи и се уште не открива дали и какви антикризни мерки ќе има наесен, додека пак огромен број на домаќинства се соочуваат со тешки предизвици. Ако се земе во предвид дека само за основните продукти се потребни околу 18 000 денари, колку што изнесува една минимална плата, а тука се и трошоците за сметки, како отплаќањата на кредитите кои огромен број на домаќинства ги отплаќаат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author