https://www.facebook.com/photo?fbid=611507733895710&set=pcb.611508077229009

18.08.2022 Скопје

Во Брисел нема напредок по ниту едно прашање, бидејќи косовскиот премиер Албин Курти одбива било каков компромис. Како сто наведуваат некои портали, во текот на вечерта или во текот на утрешниот ден се очекува најважното обраќање на србскиот претседател Вучиќ до својата нација.

Претходно претседателот на Србија од Брисел закажа средба со србите од Косово, која ќе се одржи во недела во палатата Србија. На средбата се поканети сите политички и институционални представници на Србија во Косово, лидерите на србската листа, сите српски градоначалници, началници на окрузи и директори на болници.

Дали поканата на Вучиќ до Србите на средба е сигнал за лоши вести од Брисел останува да видиме, иако Вучиќ и Курти со претставниците на ЕУ разговараа речиси два часа според некои извори се шпекулира дека договор не е постигнат меѓу двајцата лидери.

Подготвено од М.Н.

About Author