28.08.2022 Скопје
Во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина, денес, во домот на АРМ, во Скопје, традиционално по јубилејен 20-ти пат, се одржува крводарителска акција по повод празникот Успение на Пресвета Богородица.
Оваа крводарителска акција е започната од 2003 година, во првите час и половина од крводарителската акција имало околу 40, 45 дарители. Акцијата е значајна не само од аспект дека е традиционална, туку и од аспект што летниот период луѓето се по одмори и имаме помали количини на крв и секако една поголема ваква акција од поголем број е секако добредојдена, изјави Ефтим Димитровски од институтот за трансфузиологија.
Секоја крводарителска акција, секоја собрана една единствена единица крв има огромно значење затоа што на сите пациенти им е потребна крв, крвта која што неможе да се сработи, не може да се произведе, значи тоа е еден лек којшто секако секој којшто може тоа да го дарува, да го даде на тој што му е потребно.
Ние како институт сме многу багодарни, и секако секоја капка крв завршува на право место, кај тие пациенти на кои што им е најпотребна, изјави Димитровски.
Подготвено од М.Н.