30.08.2022 Скопје
Откако екипите на ЕВН почнаа да работат на санирање на проблемите со трафостаниците во Арачиново, наидоа на податоци кои се многу загрижувачки, бидејќи сите покажуваат кражба на струја. Кај една трафостаница таа загуба на енергија достигнува до 96,1 отсто, кај пет трафостаници загубата изнесува од 81 до над 85 проценти, а кај останатите се движи од 56 до 79 проценти.
Од ЕВН велат дека вакви проблеми инаат и во останатите населени места, главно во скопско, Тетово и Гостивар и на сите тие места доминира население од албански етнички состав.
Од ЕВН изјавија дека годишно се краде струја во износ од 6 милиони евра и тоа само во Арачиново, а тоа со своите сметки го плаќаат граѓаните.
Компанијата ги евидентира сите случаи и велат дека по договорот да им се овозможи пристап до мрежата во Арачиново, ќе можат прецизно да определат од каде се краде струја и да дејствуваат согласно со законот.
Од Електродистрибуција изјавија дека немаат проблеми од локалното население и реконструкцијата на мрежата оди според предвидената динамика.
Подготвено од М.Н.