23.08.2022 Скопје
Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на Самитот на Меѓународна платформа за Крим, кој ќе се одржи преку видео-конференциска врска во текот на денешниот ден. Предвидено е Самитот да започне во 13 часот, а покрај државно владиниот врв на Украина, претседателот Володимир Зеленски, премиерот Денис Шмигал, претседателот на тамошниот парламент, Руслан Стефанчук и представници од Крим, ќе присуствуваат и лидери на држави кои се членки на НАТО, како и на ЕУ, се вели во соопштение од Владата до јавноста.
Меѓу учесниците ќе бидат и претседателот на Франција, Емануел Макрон, премиерот на Канада, Џастин Трудо, државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, германскиот канцелар, Олаф Шолц, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и претставници од многу други држави од целиот свет.
Подготвено од М.Н.