https://www.flickr.com/photos/186374440@N03/49547154278/in/photolist-2iuj7LE-2iWtSyL-2j6Pn1i-2mcy998-2mfgmXx-2kAuwSm-2kZEaiL-2iTJMME-2j9dSBC-2je1mPA-2iUWJpb-2iG18dR-2j6Tqnj-2jDCwrG-2j6Png8-2n8JGRn-2mfgn1i-2m9dt4c-2mrRPDS-2jkfYNx-2kMzwqy-2n21BVZ-2iURKN9-2jdNjV1-2mcy7xT-2jod2GG-2iQzuE4-2iBD4CW-2isJpp7-2jf4K6H-2iWo9d1-2iFZy3c-2juE1kR-2jkjvTS-2iUu8sf-2kGvwdc-2jjQ8cX-2iTLWv7-2iNGo39-2iQYp3R-2iMemh9-2iRiB89-2iTutw7-2iSPy4N-2koxp4m-2kRGgCB-2iSnXdg-2iLSvLv-2iSL7dm-2jkiqw5

05.08.2022 Скопје

Денес, Комисијата за заразни болести одржа состанок на којшто ја разгледа епидемиолошката состојба во земјата и соопшти дека воведување на нови рестриктивни мерки нема да има, но упатија апел за совесно однесување и почитувањње на мерките кои се моментално во сила, односно задолжително носење на заштитни маски во јавниот превоз, аптеките, здравствените установи, како и во згрижувачките установи.

Комисијата за заразни болести, во соопштението, укажа дека во изминатата недела е забележан благ пораст на бројот на нови случаи за околу 9 проценти, што претставува значително понизок пораст споредено со претходната недела. Воено, истакнаа дека Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со соодветни капацитети за одговор.

Комисијата апелира до граѓаните, особено до граѓаните кои спаѓаат во ризични групи за потежок тек на болеста, да се придржуваат до сите епидемиолошки мерки за заштита од инфекција, како често и темелно миење или дезинфицирање на раце, избегнување на метеж и престој во затворени и непроветрени простории и носење на заштитни маски, како и придржување до препораките за вакцинација против Ковид-19. Воедно, апелираа до граѓаните кои имаат симптоми или се сомневаат дека се позитивни на овој вирус, да се однесуваат одговорно и да ги заштитат луѓето околу себе, така што ќе избегнуваат близок контакт со други луѓе и престој во затворени простории без маски.

Во Северна Македонија, моментално се активни 4 139 случаи на Ковид-19, од кои само 1 749 активни случаи се во Скопје. Досега се направени околу 2 200 000 тестирања на Ковид-19 во Северна Македонија, а вкупниот број на дијагностицирани лица, позитивни на Ковид-19, во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 330 016, бројот на оздравени Ковид-пациенти е 316 490. Воедно, во земјава е во тек и вакцинацијата за четврта доза против коронавирусот, којашто можат да ја примат лица над 18-годишна возраст, кои веќе примиле три дози вакцини против Ковид-19. Препорачаното растојание меѓу трета и четврта, односно бустер доза е најмалки четири месеци.

Додека пак, поради влошување на епидемиолошката состојба, во Црна Гора е воведено задолжително носење заштитни маски, а тамошните здравствени власти апелираат до граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19.

Во Грција, здравствените власти велат дека нивната намера е да не постојат задолжителни мерки, затоа што се ќе зависи од ситуацијата наесен, но сакаат Ковид-19, иако останува пандемија, да го третираат како ендемично заболување.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author