https://www.facebook.com/photo/?fbid=635479837935084&set=a.490794192403650

15.08.2022 Скопје

Комисијата по секоја цена нема да носи решенија за историските недоразбирања, изјави Драги Ѓоргиев, копретседателот на македонскиот тим во Заедничката мултидисциплинирана комисија за историски и образовни прашања со Бугарија на денешната прес-конференција, потврдувајќи дека периодот на 19 и 20 век ќе биде еден од најтешките за кои ке расправа комисијата.

Тој период несомнено ќе биде тежок, мачен период за којшто ќе дискутираме, дискусиите ќе траат и во крајна линија ако ние се договориме, успееме да најдеме некакво решение ќе го презентираме тоа, изјави Ѓоргиев. Тој додаде дека Комисијата не распава за тоа како историографите гледаа на одредени личности и настани, туку за тоа како се тие презентирани во учебниците по историја во двете земји. Комисијата ќе се фокусира на учебниците по историја со цел да придонесе да се надминат одредени недоразбирања кои постојат во учебниците за да се релаксираат односите неѓу давата народи, меѓу двете држави, рече Ѓеоргиев на прес-конференцијата која уследи по брифингот одржан во просториите на Министерството за надворешни работи во Скопје.

Подготвено од М.Н.

About Author