19.08.2022 Скопје
Претседателите на Кина и Русија, ќе учествуваат на самитот на 20-те најбогати земји на светот (Г20) кој ке се оддржува на Бали во месец Ноември, изјави за медиумите советникот на шефот на индонезиската држава Анди Виџајанто.
Индонезискиот претседател, Џоко Видодо пак изјави дека претседателот на Кина, Кси и претседателот на Русија, Путин го информирале дека ќе присуствуваат на самитот Г-20.
Индонезија е претседавач на самитот Г-20 и е под голем притисок од страна на Западот за да ја повлече поканата за Путин за учество на самитот, поради руската инвазија на Украина.
Подготвено од М.Н.