https://www.facebook.com/photo/?fbid=372270455083488&set=pb.100069016095883.-2207520000..

14.08.2022 Скопје

Само на територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден од страна на полицијата изречени се 196 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во засилената акциска контрола изречени се и 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци сто ги прават возачите на моторцикл, четири мерки за користење на мобилен телефон, 12 за возење под дејство на алкохол, како и санкции за поминување на затворен сигнал, односно црвено светло на семафор. Засилените акциски контроли ке продолжат и во наредните денови, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и птописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Подготвено од М.Н.

About Author