https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Ramzan_Kadyrov_%282018-06-15%29_01.jpg

14.08.2022 Скопје

Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров се огласи на својот профил на телеграм со порака до Западот. Во објавата Кадиров напиша дека западот очигледно се уште не може да разбере дека Русија е една силна и моќна држава и политичарите од западот треба да си ја преиспитаат стратегијата која што ја имаат за распаѓање на Руската Федерација. Русија знае како да се дружи, а најдобар пријател меѓу сите земји на светот е оној кој е сигурен и искрен, стои во објавата на Кадиров.

Но, како што прво забележа нашиот претседател Владимир Путин, ако некој сака залак од туѓа земја, ќе остане без заби и до крајот на животот ке јаде џвакана храна што ја хранел соседот со лажица. Научете да бидете пријатели со Русија и вашите заби ке бидат поздрави и вашите животи ке бидат помирни, напиша на твитер Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Подготвено од М.Н.

About Author