https://ru.citaty.net/avtory/ramzan-akhmatovich-kadyrov/

26.08.2022 Скопје

Лидерот на Чеченија, Рамзам Кадиров, побара од рускиот претседател Владимир Путин да му даде можност што поскоро да ја заврши специјалната операција во Украина. Претходно, украинската служба за безбедност објави дека собрала недвосмислени докази за воени злосторства на Кадиров, како и на Данил Мартинов и Хусеин Межидов. Како што е наведено од украинската служба во февруари и март оваа година, чеченскиот лидер го надгледувал развојот и планирањето на одредени воени операции на своите единици и потоа им давал наредби за дејствување.

Денес, Мартинов работи како советник на шефот на Министерството за вонредни ситуации, а претходно беше помошник на лидерот на Чеченија и служел во републичкиот оддел на руската гарда.
Подоцна во март, Кадиров го именувал Межидов за командант на чеченскиот баталјон „ЈУГ“.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *