22.08.2022 Скопје
Со цел на зајакнување на обрамбениот став против заканата од Северна Кореја со нуклеарно оружје, Јужна Кореја и Соединетите Американски Држави ја почнаа најголемата заедничка воена вежба.
Вежбата наречена „Штит на слободата“, која се одржува во Јужна Кореја, ќе трае до 1 септември, а опфаќа маневри на терен со авиони, воени бродови, тенкови и потенцијално десетици илјади војници. Вежбата ја истакнува посебноста на Вашингтон и Сеул да ги обноват заедничките тренинзи од голем обем, откако во последните години откажаа дел од своите редовни вежби и обуката ја сведоа на компјутерски стимулации, за да отворат простор за заедничка дипломатија. Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемија откако преговорите на Вашингтон и Пјонгјанг за нуклеарното разоружување се прекинаа на почетокот на 2019 година.
Подготвено од М.Н.