07.08.2022 Скопје
Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија одлично го отвори натпреварот, со што беше подобар противник и благодарение на шутот од далечина успеа да ја добие првата четвртина (19:15). Но, во втората четвртина Хрватите се разиграа и ги оставија младите кошаркари на Македонија на само седум постигнати поени и на одмор се замина со 35:26 за „коцкестите“.
Хрватите, во втората половина, рутински ја одржаа предноста и на секоја серија на избраниците на Симиќ одговараа со своја и на крајот славеа со 72:59.
Додека Хрватите си обезбедија опстанок во А-дивизијата, јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија го освоија 14 место, што значи испаѓање од А-дивизијата и заедно со селекциите на Црна Гора и Велика Британија ќе игра во Б-дивизијата.
Европското првенство до 18 години се игра во Измир.
Подготвено од А.Ѓ.