08.08.2022 Скопје
ЈП Комунална хигиена – Скопје не им ги продолжи договорите на 33 лица кои биле вработени преку АПВ кои со месеци и години земале плата, а не оделе на работа.
Во ЈП Комунална хигиена – Скопје мора да се стави крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните и посветено да се работи на подобрување на услугите и исполнување на нашите обврски кон граѓаните.
Денес, една од вработените во ЈП Комунална хигиена – Скопје предизвика инцидент и спрема неа е отпочната дисциплинска постапка.
Претпријатието е отворено и транспарентно за сите граѓани и во иднина нема да дозволи недолично или несоодветно однесување во Претпријатието, а се во насока на имплементација на реформи за подобри работни процеси во интерес на граѓаните.
Подготвено од А.Ѓ.