https://www.flickr.com/photos/strictly_chimneys_llc/5506490883/in/photolist-9oAcTZ-2jfc77H-2jyqdH5-2j8iMXA-nEwwHP-2mwBTLJ-2aAopfi-2jGrNyj-ZieKUz-2iRrkCa-2jbnJve-MkBDpk-2kKc5mb-2nzw1Nw-2mZQhFK-QWdNcd-2niCFe9-2nAFaXV-2nCja8R-2jhX9GX-2nCgG7X-2nsWiiK-2jsbxUi-2jvDJkT-2irKQLV-2mYtVeB-zrY2Nu-2doA3pp-2jbH1Ww-8p3Uib-Ni2ykB-4TRwpk-8SvtqV-eeitYi-f8HrLc-2m47Xdu-8mVR94-mYb84r-2iFwWuy-9Wv8z1-8ZX6X4-prmLRy-9Eo4bp-dvDYrg-8p3Uds-8p3U6j-4pXcAY-2kWAkPN-88QJGT-26WN7B7

03.08.2022 Скопје

Во општина Гази Баба, прв пат се реализира јавен повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците. Општинската прес-служба соопшти дека јавниот повик трае од 30 Јули до 30 Ноември годинава, односно до исцрпување на финансиските средства обезбедени за оваа намена од Буџетот на Општина Гази Баба за 2022 година.

Градоначалникот Бобан Стефковски изјави дека најголемиот проблем во областа на заштитата на животната средина, со кој се соочува Гази Баба, е нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух во градот, особено со партикуларните честитки. Воедно, посочи дека една од поголемите причини за емисија на овие честитки е затоплувањето на објектите кои не се приклучени на централното греење, поради нецелосното и несоодветно согорување на огревното дрво, несоодветниот квалитет на дрвото и начинот на неговото чување и употребата на стари, дотраени и технички неисправни печки, како и нередовно чистење и одржување на оџаците.

Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски ги повика граѓаните да аплицираат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author