https://www.facebook.com/photo/?fbid=1424734354307060&set=a.1424734297640399

16.08.2022 Скопје

По речиси пет години, Општина Карпош од 10 Август има деблокирана сметка, соопшти градиначалникот на општината, Стевчо Јакимовски во свое обраќање на социјалната мрежа фејсбук. Јакимовски информираше дека за овие девет месеци откако е повторно на функција, исплатени се 154.235.000 денари деблокади, како и два милиони евра други долгови.

Градоначалникот истакна дека и покрај што општината ги зголемила приходите, исто така и максимално штедела.

Покрај информацијата за намалениот општински долг, Јакимовски најави и инвестиции од 1,5 милијарди евра во општината. Тој најави дека овие денови ке стави камен-темелник на големата турска инвестиција во Бардовци, каде што една турска компанија ќе гради 65 типски куќи во атарот на Бардовци. Комуналиите се платени, одобрението е издадено и чекаме да стане правосилно. Ќе се потрудиме како општина, веќе наредната година да обезбедиме соодветна инфраструктура, наскоро ќе имаме градба на левата страна на Вардар. Тоа е фирмата Голден Арт, што значи дека ке почнеме да го развиваме и тој дел од општината. Јакимовски кажа дека интензивно работи со советниците во општина Карпош, за изработка на детални урбанистички планови кои се потребни за граѓаните во општината.

Подготвено од М.Н.

About Author