26.08.2022 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот за влакно избегнал катастрофа со радиација, бидејќи струјата на украинската нуклеарна централа Запорожје била прекината со часови поради руско гранатирање во таа област, што пак од страна на Москва сето ова го негираа. Зеленски изјави дека руското гранатирање предизвикало пожар во јамите за пепел во блиската електрана на јаглен, што ја исклучило струјата во реакторскиот комплекс.
Од друга пак страна, Владимир Рогов, службеник кој е назначен од Русија во окупираниот град Енерходар во близина на централата, ги обвини украинските вооружени сили за шумскиот пожар во блозона на централата и кажа дека поради тие пожари градовите во околното место биле без струја неколку часа. Рогов на Телеграм напиша дека поради украинските напади бил исклучен далноводот и нуклеарната централа Заопрожје од електрично напојување и кажа дека тое е прво целосно затемнување на централата, која стана точка на удар во шестмесечната војна.
Обединетите нации бараат пристап до објектот и повикаа областа да се демилитаризира. Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси изјавил дека официјални лица се многу близу за да остварат посета на нуклеарната централа Запорожје и да ја увидат моменталната состојба во која се наоѓа централата.
Подготвено од М.Н.