09.08.2022 Скопје
Во текот на минатата година, откако Словенија ја извести Европската комисија за нејзините планови да го стандардизира своето производство на оцет, во суштина барајќи да го продава секој вински оцет измешан со концентриран овошен сок или шира како балсамичен оцет, односите меѓу Италија и Словенија се заладија.
Владата на Италија покрена прекршочна постапка против Словенија, во обид да ја одбрани автентичноста на нејзиниот познат, географски заштитен балсамико оцет.
Од 2009 година постои терминот „aceto balsamico di Modena“, што во превод значи балсамичен оцет од Модена, и може да го користат само производителите во Модена и регионот Емилија-Ромања.
Според Италија, потегот на Словенија е закана за традицијата на нејзината извонредност со балсамичниот оцет од Модена и за пазарот вреден околу 1 милијарда евра.
Подготвено од А.Ѓ.