https://www.flickr.com/photos/idfonline/8198325463

06.08.2022 Скопје

„Тајмс оф Израел“ пишува дека како што соопштила израелската војска, од вчерашниот ден врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа и дека израелските одбранбени сили се подготвени за „неделата на операции“. Воедно, израелската војска истакнала дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успешност во пресретнување на проектилите истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа.

Како што пренесуваат од тамошните медиуми, во моментов нема преговори за прекин на насилството.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *