https://www.facebook.com/photo/?fbid=10225871077987318&set=ecnf.1344358114

14.08.2022 Скопје

Илија Димовски на неговиот Фејзбук профил објави дека комисијата има обврска да објави што договорила со Бугарија до 17 Август. Во целиот протокол има рокови, иако од власта велат дека нема напиша Димовски. Со потпишување на Протоколот врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, Република Северна Македонија превзема пред Бугарија низа обврски а за жал и пред Европската Унија, низа од обврски кои се неразумни и се надвор од досегашната пракса на зачленување на членки во ЕУ, но и излегуваат надвор од договорот во поглед на содржина, цели, рокови и материја.

Живо сум заинтересиран како со политички назначена комисија ќе ни се адаптира, подесува и менува историската вистина која сме ја учеле со генерации наназад, стои во објавата на фејзбук. Како ставот на политички назначена комисија ќе биде обид за рушење на илјадници томови стручни изданија, симпозиуми и книги кои нашата и светската наука ги твореше во минатите повеќе од 7 декади, стои во објавата на Димовски на неговиот Фејзбук профил.

Подготвено од М.Н.

About Author