https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10210022994999603&set=pb.1478006435.-2207520000..&type=3

18.08.2022 Скопје

Историјата неможе да биде предмет на договор на две држави, напиша на својот фејсбук профил Ѓорѓија Сајкоски од редовите на опозициската партија во Северна Македонија. Сајкоски пишува дека во неколку наврати апелирал за штетноста од Договорот за добрососедство, укажувал дека вакви договори имало, но тие се правеле на рамноправна основа. Денес имаме историска Комисија, која повикувајќи се на Договорот од наша страна се труди на секој можен начин да го прекине континуитетот на постоење на македонскиот народ на овие простори. Ова е главна и основна цел на бугарската страна и не е нешто ново, туку со формирањето на бугарската држава главна задача е негирањето на македонскиот народ, напиша Сајкоски.

Историјата неможе да биде прашање на договори меѓу две држави, од потписите на државите не зависи вистината на нашата историја. Вистината за историјата ја граделе нашите генерации, предходници, кои со својот живот, со борба за самостојност ја докажале нашата посебност и нашата единствена историја која секогаш ќе постои, напиша Сајкоски на својот фејсбук профил.

Подготвено од М.Н.

About Author