13.08.2022 Скопје
Примиерот Димитар Ковачевски во свое обраќање изјави дека денес ќе се постават темели на инвестиција која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе се отворат најмалку 890 добро платени работни места. Македонската Влада застапувана од дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ денеска во Тетово го потпишаа договорот за оваа нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO. Оваа инвестиција е од огромно значење за државата и Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите.
Во Северна Македонија и досега се произведуваат делови за автомобили од светски брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму во нашата држава. Вакви инвестиции,вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата и оваа инвестиција меѓу другото е нашиот влог за идните генерации, рече меѓудругото премиерот Ковачевски. Во технолошко индустриски развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра. Уште има такви инвестиции и од други инвеститори, ќе оставиме тоа инвеститорите заедно со институциите да го најават и ќе се случи многу брзо, порача премиерот Ковачевски.
Подотвено од М.Н.