https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%91%D0%B8%D0%B3%D0%BE%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B8.jpg

22.08.2022 Скопје

Пандемијата поттикна голем број на домашни туристи да се посветат на истражувањето и откривање на нови и досега непознати дестинации низ државата, но она што доста е интересно е фактот дека ваквиот тренд продолжува се повеќе да расте. Интересен е фактот дека голем дел од побарувањата се за села и предели во Македонија кои не се доволно активни на туристичката мапа. Причината за ваквиот интерес за посета на рурални средини во нашата држава се предпоставува дека е навиката која ја стекнале граѓаните во време на пандемијата . Граѓаните бараат начин како да ги искористат слободните викенда за активности во природа, посета на нови села, планинарење, уживање покрај планинските реки и слично.

Исто така расте и трендот на побарувачка да се изнајми објекти кои се изолирани во природата и во кои може да се престојува и подолг временски период. Според статистика, најголем дел од побарувањата се од лица на возраст од 25 до 35 години, односно гости кои што се во можност да работат онлајн и бараат секаков начин да ја заменат гратската канцеларија со работа во природа. Подоцна истите најчесто го споделуваат своето искуство и инпресии а сето тоа влијае позитивно на подобрувањето на квалитетот на домашниот туризам.

Подготвено од М.Н.

About Author