https://www.facebook.com/photo.php?fbid=434648631997891&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

09.08.2022 Скопје

Со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни бариери, од септември граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји.

Благодарени на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд, граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји треба да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан. Секој граѓанин, кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број, ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Северна Македонија и Албанија.

Според експертите, целиот наш регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи полесно ќе можат да најдат работници што им недостасуваат.

Според српски „Курир“, над 20 000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Северна Македонија и Албанија од септември ќе отидат на работа во Србија, без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author