18.08.2022 Скопје
30 години Армијата е столб на одбраната и безбедноста на државата, на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. Две години нашата Армија е дел од НАТО, рамноправна со останатите 29 армии во најмоќниот безбедносен сојуз во светот, изјави на денешната прес-конференција, Дарко Каевски, пратеник и потпарол на владеачката партија во Северна Македонија.
Како парламентарно мнозинство, во изминатите неколку години донесовме важни законски решенија кои значеа повеќе инвестиции во одбраната и подобри услови за работа на војниците. Каевски додаде дека со измените, веќе од следниот месец следува зголемување на платите на активниот воен и цивилен персонал. Професионалните војници стекнуваат право на исплата на станарина од моментот на склучување на првиот договор за вработување во Армијата, а се воведува и поволни услови за стипендирање на млади и перспективни кадри од критични специјалности за Армијата.
Каевски истакна и дека во делот на пензионирање на војниците, на нивно барање се обезбедени значително подобри услови. Војниците ќе се стекнуваат со право за пензионирање со навршени 40 години работен стаж, односно 38 години за жени, без оглед на нивната возраст.
Каевски наведе и дека со новиот закон се создава можност за исплата на опремнина за професионалните војници со навршени 45 години возраст во износ од две просечни плати, се ова е поради водењето на вистинска грижа за Армијата, војниците и вработените во одбраната, кажа потпаролот на владеачката партија на прес-конференцијата по повод 30 години од постоењето на Армијата.
Подготвено од М.Н.