https://www.flickr.com/photos/130148356@N08/16727181138/in/photolist-ru8bbN-gTFmmG-o9jLP-oibWe5-dctUdR-fPck6p-dhKXxA-s7Bjai-cpLHm7-cxxjFm-oUYbju-cv5Xxh-cXGwLJ-nRzea6-ddQycw-bNdh4-72uYVn-dkcVHL-VSy8Bk-ZT6Cfs-8vKv7M-xCCpjE-ZT6De1-ZPBWQ5-fPrFNN-ZT6Coo-9N749o-21VDYLb-ZT6Dg5-DQBuVj-21VDZaC-7k23vz-DQBuDh-a4VBEV-DQBv83-21VDY63-ZC4N2g-21TzFPu-ZT6CSQ-chbF3m-21VDYUC-pXQsLQ-HS2xot-21VDYMd-7z1THG-H2UfFp-21VDZgj-ZT6DeS-9rNEcT-2foH2EK

06.08.2022 Скопје

Илир Мета, поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, ги отфрли обвиненијата на Управата за досиеја, истакнувајќи дека институцијата се претворила во слеп инструмент на Рама, кој користи облици на поранешната албанска тајна служба, ШИК.

Во врска со најавата на премиерот Еди Рама дека во септември ќе ги донесе законските измени и ќе почне реверификација на досиејата од комунистичкиот период, Мета истакна дека нема никакво значење што ќе реверификува Рама, потенцирајќи дека Рама е шпион и го предупреди дека го очекува горчлив крај.

Мета смета дека вестите дека негови блиски луѓе се под истрага на Специјалното јавно обвинителство за корупција и организиран криминал се произведени од режимот на премиерот Еди Рама.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author