https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.flickr.com%2Fphotos%2Ftobyjorgensen%2F32568046747%2Fin%2Fphotolist-RBVKDn-2nfb5Gf-6SggMR-3KBNkD-2m8DbXe-pvTpu-2nfb5H2-5252DE-Bi68wf-bMZyJK-RswZnT-dnwhsZ-dnw9Fx-dnwdxh-dnweDW-38J2g1-dnwjCU-pvYGo-dnwdrG-dnw9j8-dnwjjf-pvPg9-dnwjyb-pvTq4-dnwfHD-67rRb6-34b1P5-pvTpM-Amidp-Amidm-2iyGZSD-67w3jq-AuSm6w-ANt8Ki-AbPW9p-2nfUsuM-aEnTwx-2kaFjxF-2mJotjX-2nmAZhv-2i1ZfD3-2nmt6J6-xYF5aq-2nd6eZz-JDCtZM-anChVp-2mgKn6n-4UZZpf-4UZZSs-4V11cs%3Ffbclid%3DIwAR1rOK0VIsy1wqRsQKz47Wf-TvTxr8MrDJvwWrQ-LbXPaUku0MshLqM9FaQ&h=AT18c8XMhas6a2AHh95ftnYaSMaVhWk2JXbJw765T0Af8W6j8QhsOdDYdQ-dyfpzPv6iPz8Rp431v7iScKSoYmPd_GtfHJNAszPcObMSvqgeB2qN9zFaodZOTW9tZguR9Ygf

10.08.2022 Скопје

Од Обединетите нации предупредија дека терористичката група ИД, во изминатата година, значително ја има зголемено употребата на беспилотни летала.

Владимир Воронков, високиот претставник на Обединетите нации за борба против тероризмот, истакна дека и покрај територијалниот пораз и последователните загуби, ИД останува закана за меѓународниот мир и безбедност. Воедно, додаде дека терористичката група ИД освен во Ирак и Сирија, дејствува и во Авганистан, Сомалија и во басенот на езерото Чад.

Се проценува дека 10 000 борци на ИД оперираат долж границата меѓу Ирак и Сирија, а групата се уште контролира имот проценет на 25 до 50 милиони долари.

Групата е прогласена за терористичка организација од Обединетите нации. Одговорна е за бројни злосторства врз луѓе и уништување на светско културно наследство. Корените на ИД се во групата Џамат ал Тавхид вал Џихад од 1999 година која ѝ прогласи лојалност на Ал Каеда и учествуваше во бунтот во Ирак по сојузничката инвазија врз оваа земја. Во јуни 2014 на територијата на Ирак и Сирија беше прогласен калифатот Исламска држава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author