09.08.2022 Скопје
Откако медиумите објавија изјава на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права со заедничка реакција.
Од Хелсиншкиот комитет за човекови права посочија дека кога училиштето станува небезбедна средина, во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој. Воедно, соопштија дека ова го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошко, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците и дека досегашната пракса покажала дека институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици.
Хелсиншкиот комитет за човекови права веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште.
Подготвено од А.Ѓ.