https://www.facebook.com/photo/?fbid=158374967574605&set=br.AboSUVJ3yXdtRSM8GR1AMoRCgwcF_78zgmskQJOKICAADGWL0qatTueJoMn3YrWtLx0UyuLPQtpQ71XUtAGOgIImCpp3qIYPTS0i1NrN0i_4RpJWMfV2UwXGCCySqXBqYuXomKeGxt_ht0xDsKMK8hF_

13.08.2022 Скопје

Од АМСМ информираат дека на граничните премини Табановце и Пелинце за влез и излез од државата се чека околу два часа, на граничниот премин Богородица пак за излез од државата има помал застој односно се чека околу половина час. На другите гранични премини како што соопштуваат од АМСМ нема подолги задржувања за влез и излез од територијата на Северна Македонија. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, внимателно упревување со возилата особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево, стои во соопштението од АМСМ.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *