04.08.2022 Скопје
Јанис Иконому, потпаролот на грчката Владата, изјави дека Грција е непоколебливо посветена на ставот дека разликите треба секогаш да се решаваат по мирен пат, како што предвидуваат меѓународното право и меѓународните договори. Воедно, додаде дека се целосно усогласени со позицијата на Европската Унија.
Политиката на една Кина ја поддржал и министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас, на средбата со неговиот кинески колега Ванг Ји на маргините на 55-от министерски состанок на Здружението на нациите од Југоисточна Азија во Камбоџа.
Опозициската СИРИЗА изјави дека и нивниот став е идентичен, затоа што тоа е грчка и европска позиција, што тие и во минатото и сега ја поддржуваат.
Подготвено од А.Ѓ.