https://pbs.twimg.com/media/FYxSq6uXgAIftpe?format=jpg&name=4096x4096

08.08.2022 Скопје

Во текот на денешниот ден, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се очекува да искочи со став во однос на случајот со прислушувањата во Грција.

Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, оставката на првиот човек на ЕИП, Панајотис Кондолеон, е поради поради погрешните постапки во процесот на легалните следења, односно во законското прислушување, по добиено одобрение од Обвинителството, на мобилниот телефон на лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, но без при тоа да биде информиран самиот премиер во чија надлежност е службата.

Јанис Иконому, потпаролот на грчката Влада, искочи со став дека ако Мицотакис знаел за следењето на Андрулакис, тоа немало да се случи и затоа бил отстранет директорот на ЕИП и била преземена политичка одговорност. Воедно, додаде дека грчкиот премиер, во неговата изјава, детално ќе се осврне на случајот и ќе опише како Владата му пристапува на прашањето и како ќе се справи со тоа.
Лидерот на ПАСОК, Никос Андрулакис, истакна дека неговиот мобилен телефон бил следен од ЕИП, а во исто време имало и обид да се хакира со софтверот „Предатор“ и според него, единствено одговорен е Мицотакис и побара одговори од грчкиот премиер.

Опозициската СИРИЗА побара од грчкиот премиер да си поднесе оставка, затоа што грчкиот Watergate го има потписот на Мицотакис.

Грчката Влада позитивно одговори на барањето од двете опозициски партии, кои побараа формирање на истражна комисија во грчкиот Парламент за истрага на политички одговорности во случајот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author