01.08.2022 Скопје
Прв пат после две години, како последица од Ковид-19, границите на Нов Зеланд се целосно отворени за посетители од целиот свет.
Повеќето патници кои доаѓаат во Нов Зеланд мора да бидат вакцинирани против Ковид и да бидат двојно негативни на тестот пред пристигнувањето, но сепак, веќе нема карантин.
Целосниот процес на повторно отворање заврши во неделата, кога на посетителите на кои им беше потребна виза, како и на странските студенти, им беше дозволено да се вратат во Нов Зеланд.
Подготвено од А.Ѓ.