21.08.2022 Скопје
Владеачката партија во Северна Македонија вели дека граѓаните избрале напредок откако вчера двајца кандидати за градоначалници на партијата победија на изборите во Маврово-Ростуше и Центар Жупа.
Во овие тешки времиња, граѓаните ги препознаа вистинските политики и со големо мнозинство ја дадоа својата доверба на партијата на власт и нејзината коалиција, на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина, се вели во соопштението од владеачката партија. Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори, граѓаните потврдија дека знаат кој е вистинскиот правец што ја води државата напред, гласи јасната и силна порака од вчерашните избори, се вели во соопштението од владеачката партија на Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.