https://www.facebook.com/CityofSkopje/photos/a.219627424750144/5548696438509856/

23.08.2022 Скопје

Град Скопје нема ни под едни услови да го исклчи јавното осветлување на улиците и булеварите кои се под надлежност на градот, изјави на прес-конференција, градоначалничката Данела Арсовска.

Мерките и препораките ќе бидат доставени до јавните претпријатија, кажа Арсовска, но нема да се исклуци и да се загрози безбедноста и сигурноста на гратските улици и булевари. Дадени се насоки, рече Арсовска, за ограничување на се што се смета за осветлување кое не е од животно значење, како што е ограничувањето на осветлување на јавните згради и реклами. Издадовме насоки за рационално користење на уредите во сите објекти, при јавните претпријатија и правиме значително кратење на непродуктивните трошоци, појасни Арсовска на прес-конференцијата.

Секоја општина треба да си креира сопствени мерки за штедење, затоа што секој има своја автономија за донесување на одлуки, додека Градот Скопје, како што посочи, има донесено краткорочни и долгорочни мерки кои што треба да придонесат за штедење на електрична енергија и преминување кон транзициони и обновливи извори на енергија.

Подготвено од М.Н.

About Author