https://www.facebook.com/photo/?fbid=493755789420508&set=pcb.493756019420485

26.08.2022 Скопје

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, остварија средба по повод завршување на нејзиниот мандат во земјава, двајцата го потврдија искреното пријателство помеѓу двете држави и принципиелната соработка која што се унапредува и понатаму.

Како што се наведува во соопштението од Владината прес-служба, двајцата соговорници се согласиле дека ќе продолжи големата соработка и поддршка од Шведска за натамошниот напредок на нашата држава во евроинтеграциите, по почетокот на преговорите, како и во реформите.

Во соопштението се додава дека премиерот Димитар Ковачевски се заблагодарил на амбасадорката Бенгстон за поддршката од Шведска во сите демократски процеси во нашата држава, во реформските процеси, како и во евроинтеграцискиот пат кој е значаен са граѓаните на Северна Македонија.

На состанокот исто така се водело разговори за предизвиците од престојната енергетска криза, како и за други актуелни прашања од значење на нашата држава, се водел разговор и за другите држави од Европа и светот, стои во соопштението од владината прес-служба.

Подготвено од М.Н.

About Author