https://www.facebook.com/photo.php?fbid=584833733007745&set=pb.100044433699529.-2207520000..&type=3

25.08.2022 Скопје
Новак Ѓоковиќ денеска преку социјалните мрежи, потврди дека нема да настапи на престојниот грен-слем турнир, УС Опен. Поради фактот дека Ѓоковиќ не е вакциниран, не може да влезе во САД а со тоа и да настапува и да биде дел од УС Опен. Српскиот тенисер, денес преку социјалните мрежи им се обрати на своите фанови и потврди дека нема да игра на овој последен турнир за оваа година.

Во објавата на Новак Ѓоковиќ стои „За жал не можам да патувам во Њујорк овојпат, за УС Опен. Ви благодарам за вашите пораки со љубов и поддршка. Со среќа на сите играчи! Јас ќе се одржувам во добра форма и озитивен дух и ќе ја чекам можноста повторно да се натпреварувам, се гледаме наскоро тениски свету“ напиша српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *