22.08.2022 Скопје
УС Опен ги објави протоколите со што одбивањето да се вакцинира, Новак Ѓоковиќ ќе го чини уште еден грен-слем турнир. Ѓоковиќ чекаше евентуални промени во мерките за влез во САД, но тоа не се случи бидејќи по објавените протоколи на УС Опен за тенисерите и навивачите, стои дека странски државјанин не може да влезе во САД доколку не е вакциниран. Странски државјанин не може да влезе во САД доколку не е вакциниран, оваа мерка се уште е на сила и тоа го спречува Ѓоковиќ да биде дел од последниот грен-слем турнир за оваа година.
Во текот на оваа недела треба да биде извршена и ждрепката за УС Опен кој стартува на 29 август. Бранител на трофејот е Данил Медведев. Ѓоковиќ поради фактот што не е вакциниран го пропушти и Австралија опен на стартот на годината.
Подготвено од М.Н.