09.08.2022 Скопје
Како последица на војната во Украина и високите цени на енергијата, германската економија до 2030 година ќе изгуби повеќе од 260 милијарди евра додадена вредност, што последователно негативно ќе се одрази и врз пазарот на трудот.
Според студијата на Институтот за истражување на вработувањето, германскиот бруто домашен производ во 2023 година ќе биде помал за 1,7 отсто, а ќе се вработат околу 240 илјади луѓе помалку отколку во ситуација кога би владеел мирот во Европа.
До 2026 година се очекува вработеноста да остане на моменталното ниво, кога се очекува мерките за економски стимулирања да почнат да ги надминуваат негативните ефекти и да доведат до зголемување на бројот на вработени, и тоа за околу 60 илјади во 2023 година.
Угостителската дејност што веќе беше тешко погодена од пандемијата на Ковид-19, а сега веројатно ќе го почувствува и падот на куповната моќ на потрошувачите е една од дејностите која ќе почувствува најголеми загуби, покрај енергетските интензивни сектори.
Подготвено од А.Ѓ.