https://www.flickr.com/photos/75169299@N02/50547684023/in/photolist-2k1J6pv-2mP2pX8-2kwysDT-2jWZUVM-2kLRKVP-2mTfqrV-2iNcNRy-2jYGqUU-2jXE3xJ-2iNMRjs-2iKd9kc-2iFxbJW-2megDH6-2iRzKBg-2iGFPWV-2iNubVg-2kPc6Q5-2kc3yxY-2iTaXDE-2iUuitB-2iNGwab-2j1N77X-2nhhwzB-2mPf4E2-2n3XT15-2j9G8Ge-2jDco88-2jNjt97-2iYr7Zr-2iMvfKm-2iYi5ho-2mPbYBi-2jYxMkF-2iUTxrf-2nazc8u-2iKV6TS-2kJheNY-2k8o42T-2k6Rka6-2j4dpCi-2n6bV5X-2ms2sqo-2ks7pRf-2j9VRg9-2iW6164-2iQaU2G-2jWVFnf-2jDzqZv-2jKsfeV-2jdiFBT

08.08.2022 Скопје

Во борбата против Ковид-19, германската Влада воведува нови мерки и правила, со цел поуспешна заштита од нов бран инфекции во текот на есента и зимата, а се најавуваат и четири нови вакцини.
Зависно состојбата во државата, Германија планира постепено воведување мерки, а мерките ќе важат од 1 октомври 2022 година до 7 април 2023 година, без разлика на инциденцата. Мерките опфаќаат носење на FFP2 маски во воздушниот сообраќај, во брзите возови, односно задолжително тестирање пред влез во болници и слични установи, со исклучок на вакцинираните и рековалесценти од болеста.
Сојузните провинции, во случај на влошување на состојбата, можат да воведат обврска за носење FFP2 маски во јавните институции, како во рестораните, културните институции или каде што луѓето се собираат во слободно време.

Новите правила би стапиле во сила пред истекот на важечките.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author