29.08.2022 Скопје
Германија ги обновува своите резерви на гас побрзо од очекуваното и покрај драстичните руски намалувања на снабдувањето и би требало порано да ја исполни целта во Октомври, соопшти германската влада.
Минатата недела германскиот енергетски регулатор рече дека земјата најверојатно нема да ги исполни своите цели. Но владата изјави дека мерките за заштеда на енергија во последните недели и големите набавки на гас од други добавувачи забележале значителен напредок.
Министерот за економија и клима на Германија, Роберт Хабек изјави дека и покрај тешките околности резервите се пополнуваат многу побрзо од очекуваното.
Подготвено од М.Н.