https://www.flickr.com/photos/unfccc/46175217051

17.08.2022 Скопје

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска пристигна во Лавров, Украина, каде ќе оствари трилатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, стои во соопштението на потпаролот на ОН на Твитер. Гутереш доаѓа во Украина на покана на претседателот Зеленски а потоа ќе го посети и црноморското пристаниште Одеса, од кое продолжи извозот на жито во согласност со претходниот договор со посредништво на ОН и Турција.

Пред да се врати во Њујорк, генералниот секретар на ОН ќе го посети заедничкиот координативен центар во Истанбул, кој беше формиран за спроведување на иницијативата договорена минатиот месец, стои во објавата на Твитер.

Подготвено од М.Н.

About Author