13.08.2022 Скопје
Францускиот предлог што Ковачевски сакаше да го прикаже како големо достигнување на дипломатијата всушност е голем дебакал за Северна Македонија, последна потврда за тоа е изјавата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова која изјави дека Францускиот предлог е голем дипломатски успех за Бугарија.
Пратеникот од опозициската партија, Лефков, на прес-конференција изјави дека владата на Ковачевски доживеала уште еден удар од бугарскиот политичар Илхан Ќучук бидејќи ги демантираа лагите на Ковачевски и неговата влада во врска со големото достигнување на т.н. Француски предлод за Северна Македонија. Додека нашата Влада лаже дека имаме отпочнато преговори за влез во ЕУ, Ќучук порачува дека преговорите нема да почнат се додека не се исполнат условите, односно еден од клучните услови а тоа е Бугарите да бидат внесени во Уставот на Северна Македонија.
Ваквата катастрофална позиција Ковачевски и неговата влада ја прифати за да има фото сесија и да може да зборува за некаков имагинарен почеток на преговори, кажа Лефков на прес-конференцијата.
Лефков смета дека дипломатијата предводена од Османи го има преспиено периодот, и дозволиле Бугарија да ги наметне своите ставови и да однесе целосна меѓународна победа, а протоколот да се заврши со потпишување на срамни и понижувачки обврски за Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.