08.08.2022 Скопје
Народната банка, во објава на фејсбук, наведува дека фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктации како резултат на увозните цени.
Исто така, во објавата се посолува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и за стабилни очекувања и дека Народната банка со сите расположливи инструменти ќе го одржува курсот на денарот стабилен.
Од Централната банка посочија дека со одржување на стабилен девизен курс на денарот, економијатта се штити од преголеми ценовни флуктации и раст на долгот во странска валута и се обезбедуваат стабилни пазарни очекувања, а сето тоа е во прилог на обезбедување најповолен амбиент за економски раст.
Подготвено од А.Ѓ.