30.08.2022 Скопје
Владата на 7-ми септември во рамки на иницијативата Отворен Балкан, ќе организира регионален Фестивал на храна и вино во Струмица.
Како што информира владината прес-служба, регионалниот Фестивал на храна и вино во Струмица се релизира во соработка со реномираната организација Егзит. Фестивалот за храна и вино ќе се одржи во Градскиот Парк во Струмица и бесплатно ќе биде отворен за сите посетители. Ќе се нуди вино од најдобрите регионални и околни винарии, и ке има традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од познатите струмички ресторани и ученици од средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.
Планирана е и попладневна програма со концерти и настапи на наши познати музичари и ДЈ, кои ќе траат од 18 до 21 часот.
На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња од регионалната и светска електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.
Подготвено од М.Н.