16.08.2022 Скопје
Агентите на ФБА заплениле три пасоши на поранешниот американски претседател Доналд Трамп при претрес на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида, напиша поранешниот претседател на САД на социјалните мрежи. Трамп сето тоа што се случи го нарече напад врз политички противник од размери досега невидени во САД. Поренешниот американски претседател, како што се претпоставува, има син пасош како и сите американски граѓани, но и црвен дипломатски кој што се издава на функционери. Трамп го има добиено дипломатскиот пасош додека беше на чело на Белата Куќа.
Агентите на ФБА неодамна извршија претрес во замокот на Трамп од каде што зеле 27 кутии со доверливи документи, бидејќи Трамп е осомничен за незаконско користење на воени информации, крадење и уништување на документи.
Подготвено од М.Н.