05.08.2022 Скопје
Заменик-помошникот на државниот секретар на САД, задолжен за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, изјави дека САД ќе ги поддржува Северна Македонија и Албанија во напорите за реформи, со цел процесот на евроинтеграција, што Северна Македонија и Албанија го започнаа, да се движи брзо. Исто така, во врска со ситуацијата во Западен Балкан, тој додаде дека Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО.
Габриел Ескобар истакна дека позицијата на САД од искуството со Северна Македонија е дека таа е одличен партнер, лојален пријател и силен поддржувач на трансатлантската заедница, како и дека Северна Македонија заслужено го започнала движењето во процесот кон Европа, со што направила и се уште прави тешки реформи.
Прашањето за јазикот и културниот идентитет на Македонија, за САД, не е прашање. Воедно, Ескобар ја повика Северна Македонија да продолжи со конструктивниот дијалог со соседите и да се движи што побрзо во процесот за пристапување.
За историската, културната и економската припадност на Македонците, Ескобар ја употреби придавката „Северномакедонци“ и укажа дека Северномакедонците се Европејци, како историски, така културолошки, економски, а е важен и ќе биде важен учесник во транспортот и енергетскиот сектор.
Подготвено од А.Ѓ.