14.08.2022 Скопје
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека оваа земја нема да дозволи терористите да дишат во неа, но и надвор од нејзините граници. Ердоган подвлекол дека Турција ќе продолжи со решителната борба против терористите и внатре и надвор од нејзините граници.
Турскиот претседател исто така изјавил и дека додека Европејците размислуваат како да ја преживеат зимата, Турција веќе спроведува стратешки студии за да ги обезбеди своите потреби за снабдување со енергија. Турскиот претседател исто така потсетил дека оваа недела испловил бродот „Абдулхамид Хан„ кој во моментов бара ресурси во Средоземното Море, Ердоган се надева дека бродот ќе донесе добри вести бидејќи се верува дека во Црното Море има 540 милијарди кубни метри гас. Ердоган најави и формирање фабрики за производство на барут, патрони и капсули со инвестиција од шест милијарди во градот Корум, а првата фаза од фабриката, која се состои од три фабрики, ќе биде пуштена во мај 2023 година.
Подготвено од М.Н.