https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/e/e6/Vladimir_Putin_and_Recep_Tayyip_Erdo%C4%9Fan_%282015-06-13%29_4.jpg

06.08.2022 Скопје

Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, изјави дека позитивен аспект од посетата на Сочи е договорот со рускиот претседател Путин за плаќање на рускиот гас во рубљи.

Турскиот претседател Ердоган не го прецизираше обемот на идните трансакции во рубљи, само истакна дека со рускиот претседател Путин се договориле испораките на руски газ за Турција делумно да се плаќаат во рубљи.

Поради санкциите што ги воведоа западните земји на Русија поради нејзината инвазија на Украина, со месеци Русија се обидува да ја наметне сопствената валута за плаќањето на гасот. Иако Турција, најпрвин ја осуди руската офанзива, се одлучи за неутралност и не се приклучи на западните санкции против Москва.

Воедно, турскиот претседател Ердоган и рускиот претседател Путин во Сочи се договорија и за зајакнување на енергетската и економската соработка.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author